Често прашање денес е дали жените во денешно време можат да постигнат се што се очекува од нив без машка помош? Грижата за децата – хигиена, чување, облекување, капење, ноќно станување, хранење…секогаш била работа резирвирана само за мајката.
Со текот на времето многу работи се смениле во односите меѓу мажите и жените и не може да не се запрашаме дали мажите и натаму мислат дека во некои работи не треба да им помагаат на жените. Денес од жените се бара многу повеќе од тоа, особено од оние што се вработени, па изгледа дека поделбата на задачите околу децата и куќата некако е неопходна.
– Мислам дека тука постои диверзитет во однос на тоа колку мажите се образовани и можеби нешто уште поважно, колку се реализирани. Ако за себе сакав домаќинка или некој кој само ќе чува деца, тоа можам и да го изнајмам. Сметам дека жената е столб на семејството, со неа сакам да го поминам времето креативното и да се смеам. Слугинка, бебиситерка и воспитувачка може да се изнајми и мислам дека е евтино сето она што ни го штеди времето, односно ни остава време за нас, смета српскиот психотерпавет др. Владимир Ѓуриќ.
– Кај некои необразовани, нееманципирани и пред се нереализирани мажи и натаму преовладува она мислење дека тоа е исклучиво женска работа и тогаш на тоа се инсистира. Мислам дека најдобра одбрана од тоа е старата поговорка „happy wife, happy life“, заклучи др. Ѓуриќ.