Ставревски: Во ТИРЗ вработени 1.720 лица, до крајот на 2013 вкупно 6.000 работни места

Од:

Технолошко индустриските развојни зони  покажаа одлични резултати и овозможија отворање 1.720 работни места. Во следните години тие резултати ќе се потврдат  со дополнителни вработувања што се предвидени во сите фабрики што работат во зоните, а и во останатите странски инвестиции. До крајот на следната година во ТИРЗ ќе бидат отворени 6.000 работни места.

Тоа го истакна денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, во тек на расправата за Предлог буџетот за следната година на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Според Ставрески, досега се креирани 1.720 работни места во фабриките што работат во технолошко индустриски развојни зони, како и индустриските зони, бидејќи дел од фабриките се лоцирани во индустриски зони каде што не важат целосно ослободувањата што важат во технолошко индустриските развојни зони.

Претставувајќи ги  новите вработувања, наведе дека во „Џонсон Контролс“  во Штип се вработени 450 вработени лица, а со планираните уште 150 во 2013, во тој град инвеститорот  ќе овозможи вкупно 600 работни места. „Џонсон  Контролс“ во Скопје, посочи, отвори 323 работни места, а „Џонсон Мети“ исто така во Скопје создаде 294 работни места, а ќе има уште 100 работни места следната година во нивната втора фабрика

Во „Дрекслермаер“ во Кавадарци веќе се отворени 204 работни места, а очекуваме до крајот на годинава да има уште 100 вработувања. До јули 2013 година тој број ќе се зголеми на 2.000 вработени, а до јули 2014 на 4.000 нови работни места, наведе Ставрески.

Во „Кемет електроникс“ во технолошко индустриската зона во Скопје, додаде, има 100 нови работни места. Шеесет нови работни места засега се пополнети во  „Кромберг и Шуберт“ во Битола, а до крајот на годинава очекуваме тој број да достигне 200 согласно најавите од инвеститорот. До март 2013 година вкупниот број на вработени таму ќе се зголеми  до 500, до средината на годината до 800 вработени, а до крајот на следната година 1.000 вработени. Со оваа динамика ќе продолжи „Кромберг и Шуберт“ и во 2014 година со тоа што очекуваниот број на вработени согласно нивниот бизнис план што ни е презентиран е 2.500 работни места, информира Ставрески набројувајќи ги и 50-те нови работни места од руската инвестиција „Протек Груп“ во Скопје, 35-те на „Текнохозе“ и 250-те работни места на Ван Хоол во 2013 година.

– Ако се соберат сите и уште неколку поситни инвестиции значи уште во овој момент имаме како што реков 1.720 работи места кои што до крајот на годинава ќе се зголемат на 2.205 работни места. До крајот на 2013 во рамки на технолошко индустриските развојни зони ќе бидат отворени 6.000 работни места, најави Ставрески.

Тој е убеден дека ќе има интерес од инвеститорите и во останатите технолошко индустриски развојни зони што се градат во други градови.

– Некаде концептот на градење од страна на државата дава подобри резултати во некои земји, во некои земји пак во повеќето би рекол технолошките зони им се предадени на приватни инвеститори кои што ја развиваат зоната и врз основа на контактите што  ги имаат и врз основа на нивните можности заедно со државата ја пополнуваат зоната. Така што верувам дека ќе има добри вести во следниот период и за другите градови во РМ. За нас е позитивен тренд ова што почнува да се случува, а тоа е се повеќе фабрики да се отвораат и во внатрешноста на Македонија, укажа вицепремиерот.

Има најава, како што рече, и од странски инвеститор во југозападниот дел на државата кој што ќе отвори околу 500 работни места. Евидентно е дека има се повеќе инвестиции во помалите градови. Јас верувам дека и во Тетово, и во Кичево и во другите градови каде што имаме предвидено технолошко индустриски развојни зони ќе има нови вработувања, наведе Ставрески.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница