Британка заспала пред пет години и од тогаш ретко се буди

Од:

Пред пет години Бет Гудиер се подготвуваше за прослава на нејзиниот 17-ти роденден. Таа беше убава, успешна и со многу пријатели и планови за иднината. Но, еден ден таа заспа и не се разбуди во следните шест месеци.

Лекарите утврдиле дека оваа Британка, која денес има 22 години, боледува од Клајне-левиновиот синдром, ретка болест од која најчесто заболуваат тинејџери и со години остануваат врзани за кревет.

Според мајка и на Бет, Џенин оваа млада девојка по преспала 75 отсто од времето во изминативе пет години. Во долгите фази на сон од кревет се станувала само за да јаде и за физиолошки потреби.

Таа е во состојба на транс. Не е целосно свесна за нејзиното опкружување, изјави Џенин.

Во фазата кога е будна Бет се труди да го надомести пропуштеното.

– Додека спие, се што можам да правам е да ја чекам да се разбуди. Не постојат лекови, а не можеме ништо да направите за да се разбуди. По некогаш ќе отвори очи и тогаш почнува трката со времето. Во периодот додека е будна многу се труди да ги стигне нејзините врсници. Но, двете знаеме дека во некој момент повотрно ќе згасне, вели тажната мајка.

Џенин на почетокот мислела дека во прашање е само тинејџерска мрзеливост, но се вознемирила кога еден ден не можела да ја разбуди својата ќерка. Бет делувала изгубено, а на сите прашања одговарала со мрморење како мало дете.

По низата прегледи и испитување лекарите утвридиле дека Бет е сриозна болна..

– Најлошо е тоа што кога ќе се разбуди не знае колку време спиела. Најтежок момент беше моментот кога сите нејзините пријатели завршија средно училиште и се запишаа на факултет, а таа тоа го пропушти. Животот минува крај неа и ништо не можеме да направиме, вели Џенин.

Во Велика Британија од оваа болест страдаат стотици млади луѓе, на кои животите им минуваат во чекање, додека мистериозната болст не се повлече, што обично се случува до 30-та години од животот. 

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ