Клучот од собата во хотелот во Конектикат каде славната холивудска актерка Мерлин Монро претстојувала во 1956 година, додека беше во љубовна врска со писателот Артур Милер, е продадена на аукција за 131 долар.
Додека Монро престојувала во хотелот, Милер живеел во соседениот град Роксбери.
Аукцијата се оддржа преку и-Беј, а клучот на продажба го понудила сопственичката на антикварница во Роксбери, Лорета Кречко.
Таа изјави дека клучот го купила пред две години, кога хотелот го сменил сопственикот. Клучот од собата број 22 бил единствениот во тој хотел што немал дупликат.
Кречко соопшти дека решила да го продаде клучот, откако видела колкав бил интересот за аукцијата на која беше продаден фустанот на Мерлин Монро, во кој таа ја отпеа роденденската песна за тогашниот американски претседател Џон Кенеди.