(ВИДЕО) Заев: Уживам во оваа кампања!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во Свети Николе, им порача на определените за промени да подадат рака кон оние кои се изјаснуваат за неопределени и кои не се задоволни од актуелната власт и сите заедно да помогнеме за живот во Македонија.

„Не што не треба да се плашиме, туку треба да сме со кренато чело, да уживаме во оваа кампања. Јас уживам во оваа кампања. Сега кога се е јасно, кога цел свет знае за злоделата што се правени во Македонија, кога и од ВМРО-ДПМНЕ знаат каква мафија е нивната врхушка, што ќе правиме, со пола уста ќе зборуваме? Овие 33% кои не се изјаснуваат како ќе гласаат велат дека Македонија тоне, јасно е дека и тие се за промени, ајде да се изјасниме. Кој ќе ја спаси Македонија”, повика претседателот Заев.

Тој посебно испрати порака до администрацијата, примателите на субвенции…

zoran-zaev-sveti-nikole-1

„Не се плашете, Груевски не ви дава плата од мајка му Нада, тоа се пари од Буџетот, вие ги заработувате. Субвенциите ви се загарантирани со закон. Ако не се изјасниме, ако не се одважиме, со кога ќе остане да живеете во Македонија”, рече претседателот Заев кој зборуваше за масовното иселување што и се случува на земјава.

„И тие се нечии родители, деца, имаат обврска како и ние да застанат рамо до рамо со нас и да гласаат за Македонија“, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг во Свети Николе оцени дека опозицијата победува на овие избори, но ги повика граѓаните на масовна излезност, за на 11 декември Македонија да добие стабилна, реформска Влада, којашто ќе го спроведе Планот за живот во Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски