Стоименовска: Ќе направиме фонд за поддршка на млади и креативни кадри

Од:

Носителот на кандидатската листа за пратеници од Коалицијата за промени и правда Весна Стоименовска денеска оствари средби со жителите на Крива Паланка.

Стоименовска ги претстави приоритетите на предизборната програма, а на средбите присуствуваа и кандидатите за пратеници од оваа изборна единица од ДС – Крива Планака, Иле Пешевски и Мартин Стаменковски.

– Најголем проблем се иселувањето на младите и невработеноста. Ние предвидуваме со средства во висина од два отсто од буџетот на државата да се направи фонд за поддршка на млади и креативни кадри, поддршка на малите и средните претпријатија со по 3 до 5 вработени, кои се стожер на секоја економски развиена држава. Нашите проекции се за пет години дека може да се отворат 30.000 вакви фирми со субвенционирање и поддршка, изедначување на условите за домашните и странски компании, изјави Стоименова.

Таа ги презентираше и поважните проекти за општина Крива Паланка.

– Од вкупно 800 милиони евра од програмата, дел ќе бидат вложени во изградба на колекторски систем со пречистителни станици, еден од клучниет проекти за ЕУ, автопатско решение од „мачја глава“, Куманово до Крива Паланка, реконструкција на региоанлен пат А2 –Киселица село Луке и комплетна реконструкција на патен правец А2-село Огут, рече Стоименова.

Би можело да ве интересира

Трајанов: Ќе се случат промени во Република Македонија

Ана Ололовска

Трајанов: Дојде крајот на режимот, не ви се плашиме!

Предраг Петровиќ

Коалицијата за Промени и Правда: Граѓаните од Влае, Тафталиџе, Козле и Хром, ќе гласат за промени

Ана Ололовска

Коалиција за Промени и Правда: Само со масовно гласање режимот ќе падне

Ана Ололовска

Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Образованите ни ги земаа како „алва“ за да печалат за газдите по Германија, Швајцарија, Шведска…

Ана Ололовска

Делов: Гласот за Коалицијата за промени и правда е глас за доброто на Македонија

Ана Ололовска