СДСМ: Со Груевски нема напред! Македонското образование е меѓу најлошите во Европа!

Од:

„Сите фамозни реформи на Груевски и неговите послушници во образованието, наместо со напредок, резултираа со колапс на целиот образовен процес.

Груевски, со помош на Ристовски и останатите извршители не може да овозможи квалитетно образование од кое би биле задоволни и учениците и родителите и професорите. Потребна е промена на власта за образование кое ќе пренесува знаење.

Експериментите на Груевски и послушниците резултираа со последно место на сите релевантни листи. Македонското образование под власта на ВМРО-ДПМНЕ влезе во листата на Организацијата за економска соработка и развој помеѓу најлошите во Европа. Македонското образование го допре дното.

На листата нашата земја се најде на 65-то место од вкупно 76 земји. Македонија е позади сите земји од соседството. Србија е на 42-то место, Црна Гора е на 56-то место, додека Хрватска има подобар успех и се наоѓа на 34 место. Словенија е земјата со најдобар образовен систем на Балканот и се наоѓа на 18-то место на листата.

Затоа ни се потребни темелни промени. Потребно е образование кое едуцира.

Ќе вложуваме во образованието и ќе се фокусираме кон вештини и критичко размислување кои им се потребни на младите за да ги реализираат своите желби. Целта ни е создавање задоволни и исполнети граѓани, а не несреќни и немотивирани експерти. Ќе го намалиме бројот на предмети и ќе го укинеме екстерното тестирање! Наставниците нема да бидат казнувани, туку најдобрите училишта и наставници ќе бидат јавно наградувани!

Во Планот за живот во Македонија, образованието ни е од највисок приоритет. За живот на сите во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски