СДСМ: Со Груевски нема напред! Македонија има најлошо здравство во Европа

Од:

„Децениското владеење на Никола Груевски и неговите послушници целосно го руинираше здравствениот систем. Со неодгвороно и криминално работење, Никола Тодоров ВМРО-ДПМНЕ го направи македонското здравство најлошо во Европа

За време на владеењето на Никола и Никола годишно над двесте доктори неповратно си заминуваат од државата а јавното здравство е пред колапс. Секојдневно умираат пациенти поради негрижа или неспособност на администрацијата. Случајот на Тамара е пример дека на Тодоров и Груевски битен им е само личниот маркетинг а никако грижата кон граѓаните.

Наместо решавање на клучните проблеми се ветуваа изградби на клинички центри кои не само што не се остварија, туку никогаш не започнаа со градба. Наместо вистински реформи, Тодоров си делеше тендери на блиски соработници и медиумски извршители.

Груевски и Тодоров го вратија здравството во средниот век и последиците од нивното неодговорно работење ги трпат и пациентите и докторите. Токму затоа, граѓаните на 11 декември ќе ги казнат таквите неодгворни политики и ќе им врачат отказ на Никола и Никола за никогаш повеќе да не бидат во ситуација да се изживуваат со граѓаните и медицинскиот персонал“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Кој ќе ја поддржи Резолуцијата, нека знае што следува

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски