Здружението Интеракција плус од Скопје од денеска до 25 декември, секој работен ден, ќе одржува хуманитарна акција и едукативни работилници под заедничкиот наслов „Во новата година со помалку логопедски проблеми!“.
Покрај бесплатните прегледи на секое дете кое има нарушувања и проблеми со говорот, на децата со логопедски потешкотии ќе им биде подарена и користена како мал прирачник при вежбите сликовницата „Мраско“ во „Снежиленд“ од македонски писател Велко Неделковски, во издание на издавачката куќа „Феникс“.
Здружението Интеракција плус ќе добие на подарок дваесет уметнички слики од Живко Поповски Цветин, Светомир Стефановски и Христо Петрески со мотиви блиски за децата, кои ќе го симболизираат среќното и радосно детство.