Коалицијата за промени и правда: Груевски ако си маж, соочи се директно со нас на ТВ дуел

Од:

„Коалицијата за промени и правда најостро реагира на инсинуациите и обидите за девалвација на овој политички субјект и нa нивните носители на листи во изборните единици бр. 1, 2 и 4 преку насловите објавени во дел од корумпираните и контролирани портали. Без разлика што овие медиуми имаат обврска да одработуваат за нивните нарачатели сепак, тие мораат да го задржат минимумот на етичност и човечност при објавувањето на било каква, па дури и лажна вест или спин.

Коалицијата за промени и правда е автентична Коалиција составена од прeпознатливи политички субјекти кои немаат никаква допирна точка ниту со раководството на ДПМНЕ, ниту со СДСМ. Се работи за Коалиција која е единствен трет блок на овие избори и која е во сојуз со граѓаните на Република Македонија. Нејзините принципи и вредности мошне добро и сé познати на јавноста и се повеќе се прифатени од неа, па оттаму и стравот на партиската врхушка на власт која освен импутација, лаги и измами со помош на контролираните медиуми, ништо друго не може да им понуди на граѓаните на Република Македонија.

Коалицијата за Промени и Правда е сигурна во падот на овој режим!

Носителите и кандидатите на листите на нашата Коалиција не се кандидати кои се наметнати и контролирани ниту од ДПМНЕ, ниту од СДСМ и тие и во иднина нема да бидат контролирани од нив. Тоа се кандидати на граѓаните кои сакат промени и правда во Република Македонија.

Му порачуваме на Груевски како Коалиција за промени и правда да престане и понатаму да го манипулира чесниот македонски народ.   Спинот „не го давајте вашиот глас за помалите политички партии или коалиции, бидејки е изгубен глас” е само глас на очајник кој се фаќа за сламка за да ја спаси само сопствената кожа. Бидејќи е толку сигурен во својата политичка сила и моќ, му порачуваме односно го прашуваме: Зошто во својата коалиција вклучи 24 мали и премали политички субјекти кои се безначајни, па дури и оние Титови леви сили со кои докрај ги урниса идеалите, визијата и мисијата на изворното ВМРО?

Груевски и неговата фамилија, ја променија црвената бренд препознатлива боја на ВМРО најнапред со портокалова, па сега со небесно сина, а во иднина и со останатите бои на виножитото. Овие бои најмалку доликуваат на партија која треба да ја практикува и штити демохристијанската иделогија.

Груевски ако си маж, соочи се директно со нас на ТВ дуел на било кој медиум и во било кое време што тебе ти одговара, за да пред македонскиот граѓанин ги соочиме твоите и нашите факти и аргументи. Ваквите спинувања нема да оневозможат судот на народот да биде изречен на 11 декември, а сите оние кои се огрешиле пред законите, да се најдат пред лицето на правдата“, изјави Јове Кекеновски-носител на листа на кандидати на ИЕ 2.

„Околу силната манипулативна кампања на партиите на власт и провладините медиуми, во врска со двојазичноста и федерализацијата, сметаме дека е неопходно да го истакнеме нашиот став што е кристално јасен и недвосмислен.

Прво, прашањето за употреба на јазикот е уредено со Уставот на РМ и со низа законски прописи кои се резултат на промените внесени со Охридскиот рамковен договор.

Второ, ние сме за граѓанско општество, солидарност и толеранција. Македонија е држава на македонскиот народ и во неа треба да се обезбеди граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и со другите националности кои живеат во Република Македонија. Таа е и ќе остане унитарна држава! Се останато е шпекулација на владеачките гарнитури на кои шпекулациите им останаа единствен метод со кој ќе настојуваат да се борат против нас бидејќи веќе немаат други аргументи со кои ќе го убедат народот да излезе и да гласа за нив.

Во однос на изнесените невистини за носителот на листата на пратеници во четвртата изборна единица на Коалицијата за Промени и Правда, Слободан Богоески, при неговата посета во Кавадаречкиот крај, укажуваме дека штабот на Демократскиот сојуз се наоѓа во непосредна близина на друг штаб, така што ДПМНЕ повторно се заплете во сопствената мрежа од лаги и манипулации.

Во врска со нападите на ДС од Никола Груевски, нагласуваме дека Демократскиот Сојуз е самостојна и препознатлива партија со принципиелни ставови. Секогаш сме тргнувале од државните и од интересите на граѓаните, па затоа сме и посебни и борци за демократија. Отворивме војна против криминалот, први објавивме дека прислушувањето е вршено по налог на Груевски и баравме и политичка и кривична одговорност“, изјави Драгана Кипријановска – член на претседателство на Демократскиот Сојуз.

Би можело да ве интересира

Трајанов: Ќе се случат промени во Република Македонија

Ана Ололовска

Трајанов: Дојде крајот на режимот, не ви се плашиме!

Предраг Петровиќ

Коалицијата за Промени и Правда: Граѓаните од Влае, Тафталиџе, Козле и Хром, ќе гласат за промени

Ана Ололовска

Коалиција за Промени и Правда: Само со масовно гласање режимот ќе падне

Ана Ололовска

Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Образованите ни ги земаа како „алва“ за да печалат за газдите по Германија, Швајцарија, Шведска…

Ана Ололовска

Делов: Гласот за Коалицијата за промени и правда е глас за доброто на Македонија

Ана Ололовска