(ВИДЕО) Спасовски: Ќе одговараат за се што направиле, нема пазарење со никого

Од:

„Денеска, сите граѓани на Република Македонија се чусвтвуваат обесправени. Денеска, правда има само за они кои што се блиски до фамилијата. Денеска, за сите криминалци тргнувајќи од врвните криминалци од ВМРО-ДМНЕ, правдата е недостижна, затоа што за нив судат судии од тефтерчето на Горде.

Затоа, и денеска и деновиве низ Македонија секој граѓанин упатува порака дека правдата во Република Македонија мора да се врати. Планот за живот во Македонија предвидува независно судство и затоа најавувам генерален реизбор на сите судии кои соучествуваат во криминалот во Македонија.

Упатувам јавна порака до сите, од Груевски, Мијалков, Тодоров и до секој еден кој се огрешил пред законот, што направил штета врз македонските граѓани, што зел дел од нивните животи, дека ќе се соочат со правда, дека ќе одговараат за тоа што го направиле и дека ќе ги вратат сите пари назад кај граѓаните.

И за тоа нема пазарење со никого. За тоа нема прочка за никого, Македонија мора да стане правна држава. Мора да има правда за сите“, изјави Оливер Спасовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и кооалицијата во И.Е 2.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му