Денеска, Централниот изборен Караван на Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА, предводена од Демократскиот сојуз, ќе одржи митинг во Велес, на кој ќе зборуваат: Претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов, носителот на листата за кандидати за пратеници во третата изборна единица Весна Стоименовска, Слободан Богоески, Јове Кекеновски, Љубе Сарагинов и Жан Мешков.
Митингот ќе се одржи на улица Алексо Демниевски бр.11, сала Бели Мугри, Велес, со почеток во 18:00 часот.