Девет месеци затвор за кинеска манекенка зашто позирала во полициска униформа

Од:

Манекенката од Пекинг по име Ванг Ксјаоменг е осудена на девет месеци затвор затоа што на социјалната мрежа „Weibo“ објавила фотографии на кои позира во полициска униформа.

Дваесетгодишната убавица на една фотографија носи полициска кошула и капа, како и килоти со линии. На фотографијата е прикажана во моментот додека облекува најлонски чорапи, а во прв план се нејзините долги нозе.

На втората фотографија е Ванг во униформа како се насмевнува и гледа на страна.

Освен сликата, манекенката на социјалната мрежа објавила и соодветен текст:

– Како новата полицајка во мојот крај, морам да ги научам правилата. Под голем пристисок сум затоа што седам на иста маса со државните функционери секој ден.

Неколку кинески граѓани веднаш реагирале, а некои упатиле жалби до полицијата, јави „Хафингтон пост“. Претставниците на законот го протолкувале овој фото сешн како лажно претставување, па ја уапсиле Ванг, која потоа е осудена на девет месеци затвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски