На првите тестови на новиот моторцикл на Јамаха, Валентино Роси заостана зад својот нов клупски колега, Маверик Вињалес, кој пристигна на местото на Хорхе Лоренцо. Шпанецот во двата дена беше побрз од својот повозрасен колега, што предизвика позитивни вибрации во екипата.
„Маверик е многу брз, мислам дека ќе биде еден од кандидатите за титулата наредната година. Големи се очекувањата од него и мислам дека ќе имаме интересни дуели во новата сезона. Првиот впечаток од новиот мотор е добар, но мислам дека мораме да бидеме побрзи за да бидеме конкуренти за титулата“, вели Роси.
Младиот Вињалес ќе ја има честа да вози покрај големиот италијански шампион, откако во претходните две години беше дел од екипата на Сузуки.