Бен Афлек и Џенифер Гарнер наводно одлучиле да не се разведат, оти го чекаат своето четврто дете, пишува „Рејдар Онлајн“.
– Џенифер е посреќна од кога било. Таа не ни сакаше развод, туку само пожелуваше Бен да прекине со опивањето и забавите и да се посвети на семејството. Со ова бебе се би можело да се среди, изјавил неименуван извор за порталот.
Двојката досега има три деца, две ќерки и еден син: Вајолет (10), Серафина (7) и Самуел (4).
Во јуни, по десет години брак, сопружниците најавија развод. А, како причина беше наведено непримерното однесување на Афлек.