Конференција по повод Светскиот ден на жената претприемач

Од:

Конференција по повод Светскиот ден на жената претприемач (WED – Women entrepreneur day) организира денеска Здружението на бизнис жени во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Стопанската комора на северозападна Македонија, Здружението на жени менаџерки Елит и маркетинг агенцијата Марили.

На конференцијата ќе се презентираат заклучоците од истражувањето „Состојбите на женското претприемништво во Македонија” спроведено на 1.024 жени во 12 градови.

Предвидени се и обраќања на министерот за економија Дритон Кучи, WED амбасадорот за Македонија Валентина Дисоска, претседателката на ССК Данела Арсовска, претседателката на Групацијата за женско претприемништво при Стопанска комора на северо-западна Македонија Гзиме Фејзи, претседателката на Елит Ленче Угриновска, претседателката на Марили Лидија Трипуноска и претставникот на IME Жаклина Гештаковска Алексовска.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за претприемништво објави оглас за менторство за мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември

Ана Ололовска

Во „Македонско село“ младите претприемачи ќе отвораат сопствен бизнис без плаќање режиски трошоци

Ана Ололовска

380 компании заинтересирани за грант за брзо закрепнување од Ковид-19, предност имаат раководените од жени

Маја Илиевска-Пачемска

Агенцијата за претприемништво објави јавен повик за менторски услуги

Ана Ололовска

ССК: Претприемачите трпат штети и немаат алтернативен начин за вршење дејност

Ана Ололовска