Проектот „Спортот и семејните вредности“ промовиран во Македонски Брод

Од:

По Скопје, Прилеп, Штип, Василево, Кочани и Кратово, Македонски Брод е седмата општина во која помина Караванот на АМС и Сојузот на спортски федерации на Македонија за промоција на проектот „Спортот и семејните вредности“.

Основната намена на проектот е да се промовира спортот преку семејните вредности и да се стимулираат граѓаните преку спортот и спортските активности, да се дружат повеќе меѓусебно и да се зајакнат врските во семејството.

Спортската сала во ОУ „Св. Климент Охридски“ беше премала да ги собере дечињата, кои заедно со нивните родители другаруваа и се натпреваруваа во штафета, балансирање со топка „Здрвен дедо“, игра на прецизност, ракомет, фудбал и други забавни игри. 

Настанот го отвори директорот на АМС, Марјан Спасески кој изрази задоволство од масовноста и од подготвеноста на посетителите да спортуваат и низ заедничка дружба да ги промовираат спортските принципи.

– Она што е многу битно во овој динамичен начин на живот каде најчеста појава е отуѓеноста во самите семејства еден од најдобрите настани кои можеме да ги приуштиме е спортот и дружбата. Верувам дека со реализацијата на овој проект ќе ја постигнеме целта а истовремено младите луѓе ќе ги стимулираме да се занимаваат со спорт и спортски активности. Денеска нема да има победници и победени, денес ќе победи дружбата, изјави директорот на АМС, Марјан Спасески.

Би можело да ве интересира

Половина милијарда луѓе сакаат да одат на Светското првенство, премиум билети за финалето по цена од речиси 9.000 долари

Предраг Петровиќ

Базел го откажа концертот на познатиот рапер на својот стадион, бидејќи не „ги делат вредностите на клубот“

Шокантен пораз на Зверев

Шампионката на Вимблдон се соочува со четиригодишна суспензија

Погина Алекс Манингер

Алкарас го закажа првиот спектакл со Синер