Ѓул: Сирија нема да ја нападне Турција

Од:

Турскиот претседател Абдула Ѓул изјави дека е малку веројатен сириски напад врз Турција, истакнувајќи дека ваквата разврска би била „лудост“, пренесоа турските медиуми.

Анкара побара од НАТО разместување на ракетите „Патриот“ долж турско-сириската граница заради евентуална закана од Сирија.

-Искрено сметам дека директна закана, опасност, насочена кон Турција, навистина не е можна, бидејќи таквата веројатност ќе биде лудост, изјави Ѓул, цитиран од агенцијата Анадолија.

Тој повтори дека разместувањето на ракетите „Патриот“ долж турско-сириската граница ќе биде мерка со одбранбен карактер. Станува збор за превантивна мерка и (овој систем) на никаков начин нема да се искористи за напаѓачки операции, подвлече турскиот претседател.

Разместувањето на ракетите тој го оправда со желбата да се „минимизират ризиците“, кои можат да дојдат од Сирија.

Останатите земји-членки на НАТО се очекува во следните неколку дена и официјално да го примат барањето на Турција за разместување на ракетите „Патриот“.

Американскиот амбасадор во Турција, Френсис Ричардоне, синоќа за турски новинари, изјави дека САД го поддржуваат ставањето на располагање на ракетите „Патриот“ на Анкара. „Ние сме позитивно расположени и другите сојузници исто така“, посочи тој.

Турција на 21 ноември официјално побара од НАТО да размести ракети „Патриот“ долж турско-сириската граница со цел да го заштити својот национален воздушен простор на одгласите за закана и ризици по нејзината национална безбедност, кои призлегоа од кризата во Сирија.

Барањето за разместување на ракетите „Патриот“ беше критикувано од Сирија, која го оцени како „провокативно“, а истото го сторија и Русија и Иран.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски