Претседателката на изборната комисија во Романија е уапсена пред изборите

Од:

Претседателката на романската изборна комисија Ана Марија Петру е уапсена само три недели пред одржувањето на парламентарните избори во земјата, под сомнение за корупција.

Таа е осомничена дека во периодот 2008-2009 година платила за услуга 210.000 евра на компанија, која ја предводел нејзиниот сопруг.

Агенцијата за борба против корупција ја обвинила Петру и за поткуп од 50.000 евра, кои му ги земала на еден бизнисмен со цел да му договори средба со романскиот министер за економија.

Претседателот на Пратеничкиот дом во романскиот Парламент, Флорин Јордаке истакна дека изборната комисија времено ќе биде раководена од еден од замениците на Петру.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски