(ВИДЕО) Заев: Најавувам генерален реизбор во судството, уште 30 дена до правда за сите!

Од:

„Најавувам ГЕНЕРАЛЕН РЕИЗБОР НА СИТЕ СУДИИ ВО ДРЖАВАТА.

Тоа ќе се случи веднаш по 11 декември!

Доста страдаа граѓаните и чесните луѓе, додека криминалци и насилници од власта и нивни соработници се на слобода.

Уште само 30 дена и ЌЕ ИМА ПРАВДА!

Ќе ја раскинеме целосно спрегата на несовесното судство со криминалната, корупциска и неодговорна власт на Никола Груевски.

Ниеден судија повеќе нема да си дозволи да осудува невини луѓе.

Ниеден судија нема да смее да помисли да монтира судски процеси.

Ни во сон ниеден судија нема да помисли да работи за криминалци.

Затоа што криминалците ќе бидат, каде што им е местото. Пред лицето на правдата. Лицето на правдата ќе биде целосно нов самостоен, независен, совесен, одговорен судски систем.

И сега има поединци во судството кои одважно ја бранат прадвата, за што знаеме дека трпат последици – на нив им порачувам, да не се грижат. Нивната жртва денес, ќе биде нивна предност по 11 декември.

Со реизборот во судствството – политичарите, извршната власт, ќе мора да ги повлечат канџите од судството! Реизборот ќе се случи по критериуми што веќе во повеќе земји даваат видливи резултати.

Дополнително, бројчаникот што ќе го поставиме да врти на Триумфалната капија, ќе покажува како секој денар украдени пари на граѓаните се враќаат и ќе биде паметник за секого, дека за такво вакво зло врз граѓаните, се одговара.

Минимум дилема да немате. Доаѓа време кога секој ќе биде еднаков пред законот. Секој заслужува правда. И ве уверувам, ќе има контрола над власта и ЌЕ ИМА ПРАВДА ЗА СИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА! Ќе има живот за сите во Република Македонија“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата