НБРМ од јули откупила девизи од банките во износ од 105 милиони евра

Од:

Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ оцени дека монетарната поставеност е соодветна и одлучи денешната аукција на благајнички записи да се спроведе под непроменети услови, односно да се понудат записи во износ од 22.000 милиони денари со каматна стапка од 4 проценти.

Во соопштението од НБРМ, Комитетот ги разгледал најновите остварувања во домашната економија во контекст на новите макроекономски проекции при што повторно е истакнат ставот дека економските фундаменти се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата.

По растот на економијата од околу 2 отсто во првата половина на годината, сите досегашни расположливи макроекономски показатели упатуваат на натамошен економски раст во третиот квартал со слично темпо.

Во однос на инфлацијата, по неколкумесечното намалување на потрошувачките цени, просечната годишна стапка во септември и октомври е умерено позитивна и изнесува 0,2 отсто, во просек, предизвикана од растот на базичната инфлација. Кај показателите од надворешниот сектор, расположливите податоци покажуваат умерен дефицит во тековната сметка од околу 1 отсто од БДП во првите осум месеци од годината, финансиран и преку должнички текови, но и преку приливи во форма на директни инвестиции. Во однос на адекватноста на девизните резерви, сите показатели и натаму се движат во сигурната зона.

На девизниот пазар, како што е наведено, во октомври продолжуваат позитивните движења што го карактеризираа овој пазарен сегмент во текот на летниот период. – Во текот на месецот, фирмите имаа зголемена понуда на девизи,  при истовремен пад на побарувачката. Подобри остварувања се забележуваат и на девизниот пазар на банките со физичките лица, во услови на стабилизирање на побарувачката и натамошен раст на понудата на девизи. Согласно со податоците од октомври, банките повторно остваруваат нето-откуп на девизи од физички лица, со што се надмина краткорочниот ефект од извршените продажби на девизи на физичките лица во периодот април ‒ мај 2016 година. Подобрите движења на девизниот пазар во октомври овозможија одржување висока девизна ликвидност на банките и насочување на вишоците на девизи кон Народната банка, којашто повторно интервенира со откуп на девизи од банките поддржувачи во вкупен месечен износ од 17 милиони евра. Со тоа, имајќи предвид дека овој тренд продолжува и во ноември, вкупниот откуп на девизи од јули наваму достигна 105 милиони евра и со него се надоместија над 80 отсто од продажбите во периодот април ‒ мај. Интервенциите на девизниот пазар придонесоа за натамошно подобрување  на денарската ликвидност на банките, коишто ги зголемија пласманите во краткорочни монетарни инструменти, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата

Девизните резерви надминаа пет милијарди евра

Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%

А1он

НБ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.

Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици

А1он

Ангеловска-Бежоска за „НИН“: Носење проактивни економски политики за поголема отпорност на идните предизвици