Спасовски: Граѓаните да пријават било каков притисок поврзан со изборите

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети СВР Тетово во склоп на посетите кои се реализираат во секторите за внатрешни работи во државата, со цел одблиску да се запознае со моменталните состојби и проблемите со кои се соочуваат, но и уште еднаш да потенцира дека не смее да има никакви притисоци врз граѓаните на престојните избори.

– Ниту еден полициски службеник не смее да се вклучува во политички кампањи и не смее да се злоупотребуваат ниту човечки ресурси, ниту материјални-технички средства за престојната кампања на било која од политичките партии. Апелирам до граѓаните од Тетово, Гостивар и околните места доколку имаат каков било притисок од припадник на македонската полиција, од раководни структури во МВР или притисок од кој било државен службеник , на пример, директори на центри за социјални работи, директори на други институции…кои што се закануваат на избирачите, да пријават навремено во Министерствотото за внатрешни работи и ќе бидат преземени строги санкции. Вршењето на притисок поврзано со изборите се казнува со затвор од три до пет години. Нема да дозволиме било каква злоупотреба– рече министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ е против Законот за локална самоуправа, власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

(ВИДЕО) Спасовски за случајот „Галате“: На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

A1on

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати