Работилница за регистри за испуштање и пренос на загадувачи

Од:

 Увид во актуелните случувања поврзани со спроведувањето на Протоколот за Регистри на испуштање и пренос на загадувачки материи, размена на искуства и применети знаења, промоција на взаемно учење, како и можни прилагодувања за развој на ефикасни РИПЗ системи, е целта на денешната работилница на тема „Успесите, предизвиците и најдобрите практики во развојот на Регистри на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) во Земјите од Западен Балкан и Република Молдавија”.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски на отворањето на работилницата рече дека на овој состанок се очекува да се дадат препораки за следни чекори поврзани со имплеметацијата на РИПЗ Протоколот кај сите засегнати страни.  

– Со реализацијата на овој проект се овозможи зајакнување на капацитетите на надлежните органи, инсталациите и НВО за имплементација на РИПЗ  Протоколот во пракса.  Oсобена улога во процесот на воспоставување и одржување на функционален регистар е индустријата, која преку доставување на бараните извештаи придонесува за успешно спроведување на барањата на Потоколот, истакна Темелковски.

Според него, на тој начин индустријата демонстрира општествена одговорност и овозможува пристап до информациите за нивните активности и емисиите на загадувачките материи во животната средина.

Би можело да ве интересира

Едукативни филмски работилници за деца

Ана Ололовска

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

Креативна работилница „Заедно за иста цел“ во Куманово

Ана Ололовска

Работилница: Проблемот со нарушувањето во говорот и јазикот кај децата добива епидемиски карактер

Ана Ололовска

Работилницата „Градови на иднината“ ќе нуди решенија за намалување на аерозагадувањето

Ана Ололовска

Работилница за дигитализација на филмското наследство