Канческа-Милевска: Целосно ќе се реновира Кинотеката на Македонија

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ја посети Кинотеката на Македонија, која како што рече, е еден трезор на филмската архива или на повеќе од 15.000 филмски наслови.

– Проектот за реконструкција на целата покривна површина на оваа национална установа е завршен, нешто што беше од важност за самата институција, со цел да се продолжи во наредната фаза за целосно ентериерно уредување на Кинотеката на Македонија. За реконструкција на покривната површина се потрошени околу 1,3 милиони денари, рече Канческа-Милевска. 

Таа информира дека преку презентација се запознале со Основниот проект за реновирање и адаптација на целиот простор на Кинотеката на Македонија. Проектот во моментов се ревидира и се планира во декември да се објави тендер за избор на фирма, која следната година ќе почне со целосно реновирање на Кинотеката на Македонија.

– Реновирањето ќе опфати уредување на целиот галериски простор и уредување на целата влезна партија во делот на музејската поставка, која ќе биде претставена овде. Музејската поставка на Вардар филм Македонија ќе има огромен број на раритетни експонати од самата институција, која долги години беше продуцент во Македонија, рече Канческа-Милевска. Додаде дека се работи за голем дел раритетни предмети како камери, документи, фотографии, сценографски макети, костимографски скици, филмски реквизити…

Би можело да ве интересира

Трето издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ЈЕТА, нов роман од Ивана Трајаноска во Или-Или

„Матица“ го објави „Замир“ – силен роман на Хакан Ѓундај што веднаш влезе и во „Априлско разлистување“

Почина сликарот Илија Пенушлиски