Репортери без граници: Сиријецот Хади Абдулах прогласен за „новинар на годината”

Од:

Хади Абдулах, самостоен сириски новинар на возраст од 29 години ја освои наградата на Репортери без граници, „новинар на годината“, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Хади Абдулах е 25-от добитник на награда на Репортери без граници-TВ5 Mонд за слобода на печатот, која ќе биде доделена во Стразбур, во рамките на Светскиот форум на демократијата.

Во другите категории, Репортери без граници го крунисаа кинескиот веб-сајт за информации 64Тианванг и граѓаните-новинари Лу Јују и Ли Тингју, затворени во Кина.

Младиот сириски новинар „не се двоуми да навлезе во опасни подрачја – каде што повеќето од западните новинари не се осмелуваат – за да ги снима и да интервјуира актерите на граѓанското општество”, велат Репортери без граници. Накратко, киднапиран во јануари од фронтот Ал-Нусра, Хади Абдулах „помина покрај смртта на неколку пати”, вели здружението, додавајќи дека неговиот камерман беше убиен во експлозија на рачно изработена бомба во домот кој тие го делеа во напад во кој и самиот бил сериозно повреден.

Ниту еден од наградените нема да биде присутен вечерва за да ја прими наградата во Стразбур, каде што е предвидена церемонијата на доделување на наградите за време на Светскиот форум за демократија, во организација на Советот на Европа, но Хади Абдулах се очекува да се обрати преку снимена видео порака. Во 2015 година, награден беше еден друг сириски новинар Ерхаин Заина, кој работел за градот Алепо, опустошен од војната.

Оваа година, организација која jа брани слободата на печатот, исто така, ја додели наградата на „Медиум на годината” на кинескиот веб сајт за информации 64Тианванг, како и граѓани-новинари за „преземање значајни ризици за да ги информираат своите сограѓани” кои страдаат од „систематската репресија од страна на кинеските власти.” Во категоријата на граѓани-новинари,  наградени се Лу Јују и Ли Тингју, новинарска двојка уапсена во јуни минатата година „за документирање на штрајкови и јавни демонстрации низ Кина”, и кои денес ризикуваат тешки затворски казни.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка