Софија Куновска си даде оставка од претседател на градската организација на СДСМ

Од:

Софија Куновска си поднесе оставка од местото претседател на Градската организација на СДСМ, информацијата за А1он ја потврдуваат партиски извори.

Куновска, која беше и пратеник во последниот парламентарен состав, е незадоволна од предложената листа за кандидати на пратеници, особено на ставањето на Лилјана Поповска од ДОМ како шеста во првата изборна единица.

Куновска е револтирана бидејќи Поповска беше втора, или веднаш зад Груевски како кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на последните избори.

Реакцијата за поставувањето на Поповска е и поради фактот што токму Лилјана Поповска на црниот понеделник, гледаше и не реагираше на тепањето и исфрлањето на пратениците и новинарите од собраниската сала, особено насилството врз бремената пратеничка Маринела Тушева.

Софија Куновска овој пат не се најде на листите за кандидат за пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ