Деми Мур ги воодушеви сите присутни на црвениот ќилим во Лос Анџелес. Не само што ги засени сите во интересниот фустан, туку Деми изгледаше како 20 годишна девојка.
Инаку младоликата Деми неколку пати до сега негираше дека нејзиниот изглед е резултат на пластични операции.
И покрај нејзините демантирања, гласините велат дека Брајан Новак, естетски хирург е заслужен за нејзиниот изглед.
– Брајан Новак е фантастичен хирург и неговите клиенти изгледаат како на нив да не е направена ниту една хируршка интервенција. Деми не поднесува кога некој дел од нејзиното тело не е совршен, изјави еден нејзин близок пријател.
Често пати оваа позната мајка на три ќерки изгледа како нивна сестра кога ќе се фотографираат заедно.