Доколку сакате тој да се залепи за вас или сакате да го вратите поранешниот во својот живот, овие работи треба да ги избегнувате по секоја цена.
Контакт
Доколку сакате да сфати колку му недостигате, односно колку му значите, намалете го малку контактот. Поточно не го опсипувајте со пораки и повици, а и не морате баш да трчате на секоја негова порака. Пуштете го малку да се „пече“.
Секс
Доколку малку се оладил, а вие уште со раширени раце му нудите секс, тоа ќе го доживее како очаен потег. Треба да му изгледате недостижно, иако веќе сте биле интимни.
Навредување
Доколку еднаш сте го навредиле, тоа секогаш ќе остане запаметено. Секој маж сака да биде со некоја, која ќе му се воодушевува, а не со некоја која го навредува.
Несреќа
Некои девојки мислат дека ако изгледаат несреќно, на тој начин ќе го привлечат мажот до себе. Мислат дека ќе сака да ги заштити или дека ќе се сожали на нив. Не тоа е погрешен чекор. Тој може да се сожали на вас, но повеќе нема да ве доживее како пожелна жена.
Нехигиена
Да, мажите сакаат природни девојки, но тоа не значи и неуредни. Колку и да се познавате добро и да сте во врска водете сметка да изгледате пожелно и уредно.