СДММ – Охрид со акција за чистење на „Бајрон”

Од:

По повод претстојниот празник 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, младите од СДСМ Охрид вчера реализираа акција за чистење и уредување наспомен обележјето на местото каде што за прв пат во Охрид, во мај 1941 год., едонесена одлука за масовна вооружена борба против фашистичкиот окупатор.

Спомен плочата се наоѓа во боровата шума над саат кулата во месноста Месокастро, на местото кое за охриѓани е познато како „Бајрон”, востариот дел од градот. Спомен плочата е поставена пред 55 години, на 7ми Ноември 1961 год., ноохридската јавност малку знае за неа и многу ретко е посетувана по повододбележување на значајни празници.

Ова спомен обележје е само едно од неколкуте во градот, што се посветени налуѓе и настани од периодот на Народно-ослободителната и револуционерна борба наохриѓани, а кои се заборавени и занемарени од страна на надлежните општинскиоргани.

Целта на ваквите акции на младите од СДСМ е да се привлече вниманието наохридската јавност за постоењето на ваквите подзаборавени споменици одминатото, за на достоен начин да бидат одбележувани и прославувани значајнитедатуми од нашата славна историја.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација