А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерство за култура: Обвинувањата на Алаѓозовски се евтин обид за политизација на културата

by А1он05/11/2016 - 18:3869
Share0

Поради елементарното непознавање на процедурите за реализација на проекти од областа на заштитата на културното наследство, денешниот прес на Алаѓозовски не претставува ништо друго освен груба навреда за повеќето десетици стручни лица и на нашите надлежни институции кои веќе неколку години посветено работат на локалитетот Скупи крај Скопје. Сето она што денеска е кажано од стана на Алаѓозовски не претставува ништо друго освен евтин обид за политизација на културата во Република Македонија, се посочува во реакцијата на Министерството за култура.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Денешниот прес на Алаѓозовски, само го потврди она на што Министерството за култура укажува подолг временски период, дека ниту Алаѓозовски знае што зборува ниту во СДСМ постои некој кој би му ги објаснил надлежностите на институциите и сложените процедури кои треба да бидат испочитувани при реализација на проект од областа на заштитата на културното наследство. Веруваме дека ова добронамерно укажување ќе му помогне на Алаѓозовски да биде помалку смешен пред стручната јавност и граѓаните на Република Македонија, стои бо реакцијата.

Воедно, се наведува, Алаѓозовски треба да знае дека Министерството за култура не е институцијата која врши истражување, заштита, конзервација, реставрација или реконструкција на археолошки локалитет Скупи крај Скопје. туку надлежни се: Управата за заштита на културното наследство која ги обезбедува средствата за реализација на проектот и ја спроведува истата реализација врз претходно долгогодишно, систематско, археолошко истражување од страна на „Музејот на Град Скопје“ и Филозовскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во кое беа вклучени огромен број стручни екипи кои работеа на конкретниот локалитет.

– Националната установа „Конзерваторски центар“- Скопје, пак, е институција која врз основа на систематските истражувања, ги изработи идејниот и основниот проект за конзервација и реставрација на Античкиот театар во Скупи, по што, врз основа на конзерваторски надзор и конзерваторско одобрение издадено од Управата за заштита на култрурното наследство се распишува јавна набавка и се избира изведувач, се наведува во реакцијата од Министерството за култура.

Следете a1on на Youtube YouTube
kultura

Би можело да ве интересира

Турската кинематографија во фокусот на „Бич филм фестивал Охрид“

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:05

„Синот на кројачот“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ меѓу новите изданија во акцијата „Со книга на плажа“

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 10:14

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 09:49

„Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова, книга бр. 250 во едицијата ПРОаЗА на Или-Или

Предраг Петровиќ17/07/2026 - 16:02

Променета локација на концерт на Скопско лето

Предраг Петровиќ11/07/2026 - 09:48

„Со книга на плажа“ во полн ек: „Матица“ ги објави „Ослободи ме“ и „Пронајди ме и Отворената врата“ од Лорелин Пејџ

Предраг Петровиќ11/07/2026 - 09:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео