СДСМ: Ѓорчев и Груевски да побараат оставка од Спасов!

Од:

Влатко Ѓорчев мора да побара одговорност од неговиот сопартиец, дополнителниот министре за труд и социјална политика, Диме Спасов.

На Ѓорчев тоа му е тешко да го направи, зашто Спасов трескал коли на граѓани, ама шефот Никола Груевски нарачувал шамари за Жерновски, шефот на кабитет на Груевски, Протогер сакал семејство да заврши во ендек, неговата сопартијка Јанкулоска влечела за уши, бркала од работа, Јанакиески и Трајковски се изживувале со рекети на фирми..

И сето тоа Ѓорчев го знаел и молчел.Затоа мора да молчи и сега за Спасов, како што молчи цел фамилијарно кумски врв којшто на долг рок ја запечати судбината на ВМРО-ДПМНЕ како партија на насилството и криминалот.

Но Диме Спасов уништил возила што можеле да бидат и деца или кој било граѓанин.

Спасов не се брани.

Спасов не смее да дојде до нашите деца во градинките.

Ѓорчев и нарачателот на прес конференцијата, Никола Груевски нека се погледнат во огледало. Бранат насилство бидејки и самите се насилници или соучесници.

Завршува времето на аздисаноста на оваа власт.

По 11 декември доаѓаат граѓаните. Тие ќе казнуваат и тие ќе владеат. Ќе има одговорност за се и одговорна Влада на и за потребите на граѓаните, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски