Алаѓозовски: Нема да дозволиме фамилијата да испере над 8 милиони евра во Скупи

Од:

Обвинетиот Груевски и неговите извршители склучија договор од над 8 милиони евра со кој сакаат да уништат исклучително културно наследство, тука, во археолошкиот локалитет Скупи, рече Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

Нив единствено им се важни тендерите, а не културното наследство. Затоа објавија тендер пред да го дочекаат мислењето на конзерваторскиот центар кој е надлежен за античкиот театар во Скупи.

Археолошкиот локалитет Скупи е еден од најважните споменици од римско време кај нас, прогласен за културно наследство од особено значење, а фамилијата го доведува во опасност, со противправна владина одлука за некава си „обнова“ на античкиот театар.

Било каква реконструкцијата на објекти на археолошки локалитети е противзаконска. Потсетуваме дека во Скупи беше строго забрането поставување на било какви објекти.

Министерката за култура, осомничена во случајот „Тендер“, треба да одговори на неколку прашања:

Како ќе го конзервирате некогашниот најголем антички театар во земјата кој бил изграден од травертински блокови, кога дел од тие блокови се преместени на скопските ѕидини на Кале?

Како ќе го реставрирате театарот според конзерваторските стандарди кога не се знае вистинскиот изглед на театарот?

Со каков антички лепак планирате да ги лепите тапетите на бетонските блокови кои треба да глумат травертин?

Нема да дозволиме да го нагрдите и Скупи со помош на кран од 45 тони кој може целосно да ги уништи неистражените делови на локалитетот.

Сите одговорни лица ги повикуваме да внимаваат што потпишуваат, за да не бидат соучесници со припадниците на осомниченото злосторничко здружение.

Тие што учествувале во злоделата врз културното наследство ќе одговараат.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски