Бочварски: И по две години лажење, се уште не е реконструиран патот Кочани – Делчево

Од:

Иако беше ветена, реконструкцијата на магистралниот пат Кочани-Делчево таа е далеку од остварена. Јавното претпријатие за државни патишта испланира проект за рехабилитација на магистралниот пат Кочани-Делчево. Како што гледате тоа ветување не е исполнето. Проблематичната делница Кочани – Македонска Каменица со должина од 14км не е ниту почната, вели Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт на СДСМ.

Проектот за рехабилитација требаше да биде готов до Август 2016. Зошто сеуште не се отпочнати градежните активности овде?

Ова само ја покажува негрижата за патната инфраструктура на власта.

Еве документ со кој се гледа негрижата за патиштата. На 30 август оваа година, “Македонија Пат“ од Министерството за финансии, бара нафтени деривати без надомест. (400.000 литри Еуродизел БС гориво и 400.000 литри Екстра лесно гориво). Барањето било одбиено под образложение дека ќе предизвика импликации врз Буџетот на Р.М. Недостатокот на гориво е можеби само една причина зошто патиштата се во ваква состојба и зошто не се одржуваат.

Ваквиот несериозен однос на власта ја смести нашата држава на дното во регионот според средствата потрошени за одржување патишта кои изнесуваат само 3330 евра за еден километар.

Овој огромен одрон кој стои речиси 2 години е најдобар пример по какви небезбедни патишта се движат граѓаните на Р.М. во 21 век.

По промените на 11 декември, работите ќе се променат. Новата влада предводена од СДСМ посветено ќе работи на развој на патната инфраструктура. Токму овој пат ќе биде главен приоритет бидејќи долго време е во очајна состојба, а претставува и дел од меѓународен правец кој води кон граничен премин со ЕУ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ