Заев: Ќе ја гасифицираме цела Македонија и граѓаните и фирмите ќе заштедат

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска од Струмица вети дека, како што рече, по победата на 11 декември ќе ја гасифицира цела Македонија и оти ќе постави гасни станици во 32 града во Македонија.

– Тука сум за да ви ветам по 11 декември, вакви гасни станици ќе има уште во 32 града во Македонија. Ќе ја гасифицираме цела Македонија. Ние Македонија ќе ја поврземе со ТАП, еден од познатите европски гасоводни системи и со преносните системи на соседните земји и ќе им помогнеме на домаќинствата, станбените згради, индустриските објекти и оранжерии да инсталираат системи за гас. Ова е изводливо и реално, истакна Заев.

Потенцира дека доказ дека тоа е изводливо се гасните станици во Струмица и Куманово, кои, како што рече, им го поевтиниле и олесниле животот и работењето на граѓаните, институциите и фирмите во овие два града.

– Еве еден пример што донесе гасификацијата во Струмица. Пред да го воведеме гасот во Струмица, училиштата плаќаа 24 милиони денари, годишно за греење, а денес трошоците за греење во училиштата се помалку од 10 милиони денари. Секое училиште заштедува по 60 проценти од парите што ги добива, заштедените пари се искористени за нови прозорци, врати, ефикасни фасади кој топлат, за нови табли, квалитетни столчиња, маси за седење, нови кабинети за практична настава на учениците, и многу други работи. Овој бенефит што го имаат децата во Струмица и Куманово ќе го имаат децата во цела Македонија, рече тој.

Истакна дека доколку граѓаните користат гас сметките ќе им бидат за 20 до 30 проценти пониски, и ќе им останат повеќе пари во семејниот буџет. Доколку, пак, како фирми користите гас наместо нафта и дрва, додаде, заштедите од сметките се во милиони денари.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски