(Нови докази) Шилегов: Груевски лажел за инвестиции секаде, па и за Кардиологија!

Од:

Никола Груевски и денеска најдрско и најнесовесно продолжува со лагите кога се работи за здравјето на граѓаните. Инвестицијата во кардиологија која што веќе е одбиена од Министерството за финансии и за која што нема предвидена средства во буџетот на РМ, денес повторно бесрамно ја најавува, вели Петре Шилегов.

Еве доказ дека Никола Груевски денес излажа.

Покрај Кардиологија, одбиени се и најавите инвестиции за здравствениот дом во Валандово, за општата болница во Струмица, за амбуланта во Секирарци, за рендген во Кривогаштани, за итна помош во Идризово, за центар за рани во геронтолошкиот завод во Скопје, меѓутоа и денес продолжува со лажните ветувања.

new-doc_4

new-doc_3

new-doc_2

new-doc_1

kolicka2

kardiologija

Наспроти нивните лажни ветувања, еве ја вистината:

– На барањето за реновирање и приспособување на Здравствениот дом во Охрид и за реконструкции на здравствените установи во Пробиштип и Валандово, Министерството за финансии одговорило со НЕ.

– За санација, реконструкција и доградба на болничката зграда на Клиниката за хируршки болести Св. Наум во Скопје – одговорот е: Да не се создаваат нови обврски во Буџетот на Р. Македонија!

-За отворање пункт за итна медицинска помош во Долнени, како и за бруто плати на тројца доктори кои би дежурале за потребите на жителите во ноќна смена, одговорот е: НЕ, со предупредување да не се создаваат нови обврски во Буџетот на Република Македонија!

Е ова е вистинското лице на Никола Груевски!

Овој човек и денес од вас бара да му верувате дека ќе вложи 33 милиони евра пари кои не постојат во Буџетот на Република Македонија.

Заради ваквите неодговорни политики почина малата Тамара, заради ваквите неодговорни политики умираат пациенти по ходници.

Никола Груевски нема повеќе што да ветува. Тој замина. За 37 дена заминуваат и неговите соработници и ВМНРО-ДПМНЕ. Граѓаните избираат живот!

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски