Турција: Експерти на НАТО посетуваат места каде евентуално би поставиле ракети

Од:

Воени експерти на НАТО, кои на почетокот на оваа недела пристигнаа во Турција, денеска започнаа да разгледуваат места, каде евентуално би можеле да бидат поставени ракети „Патриот“ во близина на турско-сириската граница, по барањето на Анкара во врска со ова прашање.

Експертската делегација се очекува денеска да ја посети воената база во округот Малатија, во југоисточниот дел на Турција, каде веќе е поставен радар за навремено предупредување од системот на Алијансата за противвоздушна одбрана.

Турција на 21 ноември официјално побара од НАТО да распореди ракети „Патриот“ долж турско-сириската граница, со цел да се заштити националното воздушно пространство во период на закани и ризици за националната безбедност, кои произлегуваат од кризата во Сирија.

Останатите 27 земји членки на НАТО се очекува во следните денови официјално да го прифатат барањето на Анкара, кое беше критикувано од Сирија, оценувајќи го како „провокација“, а исто така и од Русија и Иран.

Според турски воен извор, четири до шест ракетни батерии би можеле да бидат распоредени во малатија, Диарбекир и Шанлаурфа, што ќе подразбира присуство во Турција на околу 400 војници од САД, Холандија и Германија, земји кои поседуваат ракетни системи „Патриот“

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски