Средба на Заев со Црногорската заедница: За нас сите граѓани се важни!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со претставници на Црногорската заедница во Македонија и претседателот Борис Попивода.

На средбата се разговараше за долгогодишната традиционална соработка меѓу двете земји, за животот во Македонија како и за потребата од промени што ќе донесат добар живот за сите граѓани во државата.

Изразена е заедничка согласност дека е тоа можно само со одговорна Влада на којашто приоритет ќе и бидат потреби на граѓаните.

-Ќе го вратиме животот во Македонија. Ќе ги поддржиме домашните претпријатија да отворат нови работни места и да овозможат повисоки плати. За нас сите граѓани се подеднакво важни и затоа наша определба е граѓанскиот концепт. Цврсто сме определени да ја градиме Македонија како едно општетство, на еднакви граѓани. Институциите мора професионално да работат за потребите на сите граѓани. Правдата треба да биде достапна за сите граѓани. Промените сите ги чувствуваме, ќе има живот во Маккедонија, рече претседателот Заев на средбата.

Граѓаните од Црногорската заедница изразија отворена поддршка на претседателот Заев и порачаа дека ќе се вложат во промените коишто ќе го вратат животот, правната сигурност и економските перспективи на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он