Коалицијата за промени и правда денеска упати јавен повик до сите политички партии кои ќе учествуваат на изборите на листите на кадидати за пратеници да не кандидираат обвинети и осомничени лица за кои се води истражна или предистражна постапка пред надлежните судови.
„1. ЈАВЕН ПОВИК до сите политички партии кои ќе учествуваат на изборите заради почитување на неговото височество гласач, на листите на кадидати за пратеници да не кандидираат обвинети и осомничени лица за кои се води истражна или предистражна постапка пред надлежните судови. Иако максимално го уважуваме начелото на презумпција на невиност, но сепак сметаме дека на ваквите лица не треба да им се дава можност евентуално да се здобијат со пратенички имунитет со што би се оневозможила или би се успорила постапката која се води за нив.