Реакција на Министерството за култура

Од:

Во врска со денешната реакција испратена до медиумите од страна на Здружението за заштита на авторски музички права „ЗАМП“-Скопје уште еднаш напоменуваме дека Министерството за култура постапува исклучиво врз основа на своите надлежности кои се утврдени со Законот за авторското право и сродните права. Решението за запирање од извршување на одлуката за забрана за емитување на музика е донесено во јасна и дефинирана постапка и истото решение е целосно законски основано. Правната неоснованост на овој акт, може да ја цени само надлежниот суд, а не ЗАМП.

Напоменуваме дека постапувањето, односно непостапувањето на ЗАМП по донесен акт од надлежен државен орган, односно од Министерството за култура е негов избор и негова законска одговорност.

Министерството за култура како и досега така и во иднина согласно своите надлежности ќе работи во интерес на македонските автори, а и ЗАМП е должен и има законска обврска да го стори истото.
Сакаме да потенцираме дека ЗАМП е здружение кое врши колективно управување со авторски музички права врз основа на дозвола добиена од Министерството за култура и треба да работи во интерес на сите автори, почитувајќи ги законите во Република Македонија, вклучително и во согласност со актите на надлежното министерство за култура.

Денешните наводи кои ЗАПМ ги изнесе во јавноста се груби лаги, невистини и паушалности проследени со целосно непознавање на законските прописи од областа на авторското право, па во таа смисла спротивно на тврдењата на ЗАМП во кои беше посочено дека Министерството за култура, Решението за запирање од извршување на одлуката за забрана за емитување на музика не го доставило до надлежниот суд, потврдуваме дека истиот ден на доставување на решението до ЗАМП, паралелно поведена е и постапка пред надлежниот суд за оценка на законитоста на актот. Република Македонија е правна држава и во таа смисла никој не е над законите, ниту било која институција, ниту поединец, ниту ЗАПМ.

Би можело да ве интересира

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво

Поетроника, интервју со Митковски и Салпе: Идејата е авангардата да ја направиме мејнстрим

Вечерва официјално се затвори МТФ Денови на комедија Куманово 2025 при што се доделија и наградите

Предраг Петровиќ

Објавен е регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ за 2025 година.

Предраг Петровиќ

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ вечерва го затвора 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“: Боите на фолклорот на Јуруците за мене како кинематографер беа највпечатливи, рече Наум Доксевски