СДСМ: Дали Тодоров ветува ново милионче како тоа на Ивонче?

Од:

Никола Тодоров денеска ги излажа граѓаните, исто како вчера неговиот шеф Никола Груевски. Во Буџетот на Р.Македонија за 2017 година не постојат најавените 33 милиони евра за наводни инвестиции во здравството.

Еве го делот од Буџетот што се однесува на здравството.  Во него се предвидени само 4.5 милиони евра за здравството, за во целата држава и тоа за следните три години! 

grafik1

grafik

Тоа би значело по 1.5 милион евра годишно, а Тодоров ветува 1 милион само за Клиниката за инфективни болести?! Или е во прашање некој нов тендер од еден милион евра, со некој нов Висарис и некоја нова Ивона?

Од тендер политиките на Никола Тодоров и Никола Груевски, луѓе умираат 10 години по ходниците на болниците. Доцна е што било да најавуваат Тодоров и Груевски. На 11 декември доаѓа нова влада на којашто еден од врвните приоритети ќе и биде здравјето на граѓаните. 

Би можело да ве интересира

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања