Децата од домот „11 Октомври‘‘-Скопје се запознаа со брендот Џифони

Од:

Директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска Илиевска и извршниот директор и официјален преставник на Giffoni Experince во Македонија Дарко Башески ги запознаа децата од Домот за деца без родители „11 Октомври‘‘ од Скопје со брендот Џифони.

Како што информира Агенцијата за филм, најмладите проследиле проекција на анимиран филм синхронизиран на македонски јазик.

Џифони Македонија, како што се наведува во соопштението, ќе продолжи со ваквите манифестации наменети за деца и млади од сите категории. Досега оваа активност се одржа на 27 и 28 октомври на Детската клиника во Скопје. Преку проектот „Џифони патува“, следниот период ќе бидат опфатени млади од четири градови низ Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Неготино

Ана Ололовска

Данскиот тинејџерски филм „Хакер“, во кој гласот го позајмува Стефонатор, на „Џифони филмски денови“

Ана Ололовска

„Џифони филмски денови“ од 9 април до крајот на учебната година во Кинотека

Ана Ололовска

Рускиот „На работ“ и канадскиот „Врева“ – најдобри според средношколците на „Џифони Македонија“

Ана Ололовска

Во Кинотека завршна вечер на „Џифони“ фестивалот

Ана Ололовска

Отворен деветтиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Ана Ололовска