Шилегов: Груевски излажа, еве го Буџетот, не постојат 33 милиони евра за здравството!

Од:

 
Никола Груевски лаже, соочен со изборниот пораз, трча низ државата и ветува се и сешто без никаков основ. Денеска излажа дека ќе вложи 33 милиони евра за медицинска опрема и апарати во здравството. Ова е извадок од Буџетот за 2017 година, истиот оној Буџет што власта го донесе пред распуштањето на Собранието, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
 
Во Буџетот на Р.Македонија не постои ставка од 33 милиони евра за медицинска опрема, туку ставка од само 4.5 милиони евра и тоа за три години, што ги предвидела Владата за здравството. И 4.5 милиони евра што треба да треба да ги предвидат самите установи. 

grafik
 
Тоа значи дека Никола Груевски лаже дека ќе има наводни инвестиции во здравството од 33 милиони евра.
 
Никола Груевски излажа и кога најави 140 градинки за 25 милиони евра. Во истиот овој Буџет се предвидени само 1.290.000 евра за детски установи и тие исто така за наредите три години.
 
Никола Груевски никогаш повеќе нема да владее во Македонија и повеќе ги нема трите години што ги најавува.

grafik1
 
Никола Груевски е во паника бидејки не реши ниту еден проблем на граѓаните. Граѓаните се оставени да умираат по болниците поради лошиот здравствен систем што 10 години се темели само на тендери од коишто профитираат фамилијата и нејзините соработници. 
 
За СДСМ здравјето на граѓаните е еден од врвните приоритети, поради што ќе обезбедиме современо, квалитетно и достапно јавно здравство за сите граѓани, со болничко лекување бесплатно за сите, со квалитетни лекови, кај добри лекари. На тоа се обврзуваме во Планот за живот во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски