Во машките тоалети на паркинзите во Центар се најдоа налепници со кои се сугерира каде да се центрира додека се уринира.
На мета е Уставниот суд.
Што го навело авторот на овие налепници да ги стави во тоалетите во Центар останува само да претпоставуваме.
Уствниот суд е на мета на јавноста за тоа што не закажува седница за утврдување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство.
Претходно, пак, Уставниот суд беше на мета на јавноста кога ги укина измените на Законот за помилување од 2009 година со што му отвори можност на претседателот на државата да помилува не само осудени лица на затворска казна, туку и осомничени лица.
Уставниот суд, во март со мнозинство гласови „за“ ги укина овие измени, а на брифингот со новинарите што се одржа во Судот по седницата, генералниот секретар на Судот образложи дека со оваа одлука претседателот може да отфрли и кривична пријава, да запре истражна постапка односно ослободување од кривично гонење.
Претседателот ќе може да помилува лица за кривични дела против изборите и гласањето, кривичните дела против половата слобода и половиот морал, кривични дела против здравјето на луѓето, кривичните дела неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанции и наркотични дроги и употреба на дроги и кривични дела против човечноста и меѓународното право.
Претседателот Ѓорге Иванов, потоа ја искористи можноста да помилува 56 функционери, политичари и нивни помошници кои беа или можеа да бидат осомничени во истрагите што ги спроведуваше СЈО, за потоа сам да ги повлече.