Влошена позицијата на Грција во Дуинг Бизнис 2017

Од:

Грција падна за три места во извештајот Дуинг бизнис 2017 на Светската банка, од 58 на 61 позиција од 190 рангирани земји.

Ова е втора година по ред како грчката позиција е влошена на листата, поради тоа што постојаните пречки за претприемништвото ги бркаат инвеститорите, што е еден од главните услови за закрепнување на грчката економија.

Грција годинава има ист резултат како во 2015 година што укажува на стагнација во период кога се неопходни брзи реформи, додека другите земји преземат дополнителни чекори и имаат предност во однос на Грција во подобрување на бизнис активностите и привлекување на инвеститори.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната