СДСМ: Партиските превирања во ВМРО ДПМНЕ Крушево зборуваат за стравот од изборен пораз

Од:

Крајот на владеењето на Никола Груевски ги стави во паника сите партиски ограноци на ВМРО ДПМНЕ. Во страв од промените кои доаѓаат Никола Груевски и раководството на ВМРО ДПМНЕ ја губат довербата и кај своето членство.

Од распуштањето на Парламентот и распишувањето на изборите во ВМРО ДПМНЕ Крушево се случуваат многу превирања, надмудрувања и нечесни игри.

Хаосот во партискиот штаб на партијата која сериозно ја губи својата поддршка кај народот зборува за стравот од изборниот пораз кој ќе следи на 11 декември.

Меѓусебните превирања покажуваат дека на партиските фунцкионери не им се важни крушевчани, туку само сопствените амбиции и сопственото материјално богатство. Новокомпонуваните вмровци се обидуваат да им ги преземат местата на постарите приврзаници на партијата и тоа само додава масло на огнот.

Промените доаѓаат и правдата ќе биде задоволена. Граѓаните на Република Македонија ќе си ја вратат државата назад и ќе расчистат со криминалците кои ги угнетуваат изминатите 10 години. Со Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ е завршено, велат од СДСМ Крушево.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања