Партијата Унитети до Уставниот суд достави иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Решението за распишување на предвремени избори за пратеници од страна на претседателот на Собрание на Република Македонија.
Пратеникот на Унитети, Зуљфи Адиљи посочи дека со оваа иницијатива се оспорува Решението за предвремени парламентарни избори закажани за на 11 декември бидејќи нема избалансираност на изборните единици.
Унитити како политичка партија со оваа иницијативата до Уставен суд уште еднаш докажува дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прекршуваат Утавот и изборниот законик. Членот 22 и 51 од Уставот е прекршен. Зошто би бил побитен гласачот од Струмица и Штип, од тој во Тетово Гостивар или друг од шестата изборна единица.
Мнозинството пратеници не сакаа да ја прифатат иницијативата, ние велевме дека треба да им една изборна единица со отворени листи, но тоа не го прифатија. На овој начин уште еднаш го прекршуваат Уставот и законите. Како Унитети ќе одиме на избори зошто сме на иста линија со меѓународната заедница и сакаме да има излез од кризата, рече Адиљи.
Според него, по “бомбите“, испаднало дека во последниот период изборите биле нелигитимни, токму поради избалансираноста на изборните единици.