Фудбалерите на Вардар остварија важна победа во дербито на 11. коло од Првата фудбалска лига откако на гости ја совладаа Шкендија во Тетово со 2:0.
Шампионот Вардар до победата стигна благодарение на головите на Стефан Спировски во 36. минута и на Бобан Николов во 73. минута. Со овој триумф лидерот Вардар ја зголеми предноста во однос на второпласираната Шкендија на пет бодови.
На другите натпревари од 11. коло Работнички како домаќин го победи Шкупи со 3:1, а со истиот резултат Македонија Ѓорче Петров славеше над Ренова.
Нерешено завршија дуелите во Охрид Победа – Силекс 1:1 и во Кочани Брегалница – Пелистер 0:0.
Табела: Вардар 25 бодови, Шкендија 20, Работнички 19, Пелистер 16, Ренова 15, Силекс 11, Шкупи 10, Победа 10, Македонија ЃП 9, Брегалница 8.