СДСМ: Вистината не може да се сокрие преку панични соопштенија

Од:

Ниту една лага произведена во барокниот дворец на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја сокрие катастрофалната состојба со детските градинки. Додека ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа поседува имот повеќе од 33 илјади квадратни метри, децата и воспитниот кадар деновите ги минуваат во претесни простории и во несоодветни услови.

Додека најбогатата партија во Европа лицемерно зборува за семејни вредности, родителите мора да бараат врски за да си ги запишат децата во градинка.

Ова е вистината која јавноста многу добро ја знае и истата не може да се сокрие преку панични соопштенија објавени од скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуваме дека мегакриминалниот проект „Скопје 2014“ изеде 4.446 градинки, а ВМРО-ДПМНЕ не изгради ниту четвртина од градинките кои ги вети.

По 11 декември ќе живееме во земја во која градинките ќе бидат поважни од спомениците. Имаме план преку кој ќе обезбедиме достоинствени услови во градинките, план во кој здравјето и условите во кои растат најмладите ќе бидат врвните приоритети на државата, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски