Царовска: Недостигаат градинки, во нашиот план децата се приоритет!

Од:

Родителите имаат сериозен проблем да ги запишат своите деца во градинка.

Градинки недостигаат!

Во постоечките градинки капацитетите се преполни и скандалозно запишувањето во градинките оди само преку роднински или партиски врски.

Во групите се вклучени над 40 деца, иако согласно закон е од 8 до 25 деца, зависно од воздраста.

Оваа состојба ни укажува на алармантност.

Зголемениот број на деца во занималната се ризик по здравјето и безбедноста како за децата, така и на вработените во градинките.

Некои податоци покажуваат дека само 4 проценти од вкупниот број на децата 0 до 3 години се вклучени во градинка.

Што се случува со останатите дечиња, како се снаоѓаат родителите на овие деца?

Во оваа немаштија ретко кој може да си плати да се грижат за неговото дете дома или опција се бабите и дедовците, третата можност на родителите е да се откажат од своето работно место, да останат дома и да се грижат за своето дете, но тогаш се нарушува или се влошува егзистенцијата на тоа семејство.

И јас сум родител и знам колку нам родителите ни е важно да имаат нашите деца соодветна грижа.

Оваа неодговорна власт во изминатите 10 години не оствари ни четвртина од вкупно ветените 40 градинки, а уште понесериозно Никола Груевски од партиското седиште ветува нови 140 градинки, за којшто нема пари во буџетот на Република Македонија.

Секоја проценка за изградба на нови градинки или реконструкција на постоечки, мора да се базира на соодветни анализи и проценски.

Ние имаме план. Преку сериозен ангажман на сите засегнати страни ќе обезбедиме квалитетно и безбедно згрижување на сите деца во Македонија, Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски