Орбан: Спорот за квотите за мигрантите е во ќор-сокак

Од:

Спорот за задолжителните квоти за распоредување на мигрантите во земјите-членки на Европска унија меѓу приврзаниците на шемата и нејзините противници како Унгарија е во ќор-сокак, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој додаде дека предложил квотите засекогаш да бидат отстранети од дневен ред бидејќи за нив ќе има отпор во Источна Европа, но оти предлогот му бил одбиен од претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

– Ние сме во ќор-сокак од кој не можеме да излеземе, наведе Орбан, додавајќи дека на седницата на Европски совет премиерот на Словачка, Роберт Фицо, чија земја е претседавач со ЕУ, предложил на следната средба во декември да се изнајде компромисно решение за квотите.

Би можело да ве интересира

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

САД воведоа санкции за шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Горан Наумовски

Орбан: ЕУ ја загуби војната во Украина

Орбан до Зеленски: Прекин на огнот во Украина за време на Божиќ се уште важи, ваша е одговорноста

Зеленски имал сериозна кавга со Орбан

Сијарто: Украина силно одби дозвола за телефонски разговор меѓу Орбан и Зеленски